Содржината на екранот на iPhone ќе може да ја гледаат само нивните сопственици

Објавено на 14.11.2021 во Новости



Содржината на екранот на iPhone ќе може да ја гледаат само нивните сопственици

Apple пријавил нов патент, кој е насочен кон заштита на приватноста на корисниците, односно за заштита на содржините, која што се прикажува на екраните на телефоните. Кога на телефонот или таблетот прегледуваме содржина што не е за сечии очи како некои приватни допишувања, податоци за финансии и слично, не би сакале некој да ни стои над главата и да не следи што правиме.

Изгледа дека Apple има решение за тоа. Подобро кажано, се пријавил патент што треба да помогне кон подобра заштита на содржините што се прикажуваат на екранот, иако самата пријава на патент не значи дека навистина ќе започне со примена на таквата технологија. Според тој патент, кога корисниците активираат посебна опција за заштита на содржини на телефонот, нема да може да се препознае што е прикажано, односно напишано на екранот. Содржината ќе биде видлива само за лица што носат специјални очила. 

Значи, сопственикот на телефонот со такви очила, ќе може на мир да чита се што е прикажано на екранот, да испраќа пораки и мејлови, нема да мора да стравува дека некој во јавниот превоз ќе му чита пораки зад грб. Apple развива неколку модели на AR/VR очила, кои најверојатно ќе бидат наменети и за оваа цел.





Прочитајте повеќе: