Huawei најави нова визија на отворениот HMS еко-систем

Објавено на 14.11.2021 во Новости



Huawei најави нова визија на отворениот HMS еко-систем

Huawei на својата годишна конференција за програмери, на Web Summit 21. ги претстави новостите во HMS деловниот развој, услуги и иновации. Уште на самиот почеток компанијата изјави дека во развојот на HMS учествуваат 5,1 милион регистрирани програмери, кои што се поврзуваат со над 730 милиони месечно активни корисници (MAU) на Huawei уреди низ цел свет.

Според податоците на Huawei, бројот на апликации интегрирани со HMS, пораснал за 81% во споредба со претходната година и сега изнесува 173,000, додека во првите три квартали оваа година, платформата на AppGallery брои 332,2 милијарди преземени апликации низ цел свет, што укажува кон годишен пораст од 13% во тој сегмент. 

На конференцијата е претставена новата верзија на AI прелистувачот Petal Search 2.0, кој на корисниците ќе им понуди пребарување во 20 различни категории: вести, купување, летови, локални компании, апликации и друго Најавено е проширување на Petal Search преку SDK и API програмскиот интерфејс, што на партнерите во еко-системот ќе им овозможи побрзо искуство при пребарување на мобилните апликации. Апликацијата Petal Maps е достапна во над 166 земји и региони и има околу 20 милиони месечни активни корисници, а неодамна ја освои и престижната награда Red Dot Design