Samsung освои 43 награди на доделувањето на CES 2022 Innovation Awards

Објавено на 16.11.2021 во Новости



Samsung освои 43 награди на доделувањето на CES 2022 Innovation Awards

Компанијата Samsung Electronics објави дека дури 43 производи и услуги на компанијата освоиле различни награди на CES® 2022 Innovation Awards. Меѓу наградите се и четири награди за најдобра иновација на Здружението на технолошки потрошувачи (CTA) ™, како и многу други. Церемонија на доделување е спонзорирана од CTA, сопственик и организатор на CES, најголемиот и највлијателен технолошки настан во светот што ќе се одржи во Лас Вегас следната година. Samsung со овие награди покажа дека дизајнот и иновативноста се една од најважните карактеристики на кои е посветен, што го потврдуваат и овие награди.

Награда за најдобра иновација 

Добитник на престижната награда за Најдобра иновација е Samsung Galaxy Z Flip3 Bespoke Edition. Оценувачите ја истакнаа можноста што им овозможува на корисниците да се изразат лично со технолошки уред кој навистина е само нивен. Така, можете да изберете црна или сребрена рамка за Galaxy Z Flip3, а за да добиете телефон кој најдобро ќе го истакне вашиот стил, можете да изберете помеѓу сина, жолта, розова, бела или црна. Некои други важни карактеристики се IPX8 водоотпорноста, првиот таков сертификат на кој било телефон на преклопување и новата Armor Aluminum заштита, најсилниот алуминиум што некогаш бил користен на паметен телефон Galaxy. Покрај оваа награда, Galaxy Z Flip3 5G беше награден и во категориите Дигитална слика/Фотографија и Мобилни уреди и додатна опрема.

Признание за иновации 

Бројни производи и решенија на Samsung освоија награди за иновации. Еден од нив е Samsung Galaxy Z Fold3 5G, кој ги комбинира иновациите како IPX8 водоотпорен сертификат, првата камера под екранот досега и поддршката за S Pen пенкалото на екранот на преклопување од 7,6 инчи. Со својата беспрекорна изработка, Galaxy Z Fold3 создава идеална комбинација на продуктивност, перформанси и преносливост. Тоа го потврдуваат и наградите во категориите Дигитална слика / Фотографија и мобилни уреди и додатна опрема.

Samsung Galaxy Watch4 добитник е и на награда во неколку категории - Здравје и фитнес и Технологии за носење. Серијата Galaxy Watch4 претставува нова ера на паметни часовници, со специјално дизајниран оперативен систем, софистициран дизајн и врвни функции за грижа за сопственото здравје. Тука е и најнапредниот BioActive сензор што Samsung го понуди досега. Со него за 15 секунди можете да го дознаете нивото на кислород во крвта, процентот на масти и мускули во телото и многу други информации важни за здравјето.

Серијата Samsung Galaxy A е победник во категоријата Паметни телефони и додатна опрема. Оваа серија се состои од 5 паметни телефони кои нудат импресивни карактеристики по прифатлива цена за секого. Моќните системи со повеќе камери, живописните дисплеи и долготрајната батерија со брзо полнење се само некои од извонредните карактеристики што ги нудат овие разновидни паметни телефони.

Во категоријата Технологија за слушалки и звук, безжичните слушалки Samsung Galaxy Buds2 заслужено ја добија наградата. Нивниот исклучително удобен дизајн што ги прави најлесните и најмалите досега, иновативните карактеристики и пристапната цена не можеа да останат незабележани. Импресивниот звук со активно поништување на шумот и двонасочните звучници обезбедуваат исклучително звучно искуство.

Локаторот Samsung SmartTag + е уште еден добитник на награди во категоријата Мобилни уреди и додатна опрема. Опремен со технологија за ултра широкопојасен интернет (UWB), лесно ја одредува точната локација на вашите изгубени предмети со најдобра прецизност и опсег во класата. Корисникот треба само да го прикачи Galaxy SmartTag + на клучеви, чанти или дури и ѓердан за домашно милениче за да ги најде лесно.

Други членови на семејството на Samsung кои исто така добија награди се:

Samsung Galaxy Book Pro 360: Награда во категоријата Компјутерски хардвер и компоненти,

Samsung 30” Smart Induction Built-In Cooktop: Награда во категоријата Апарати за домаќинство,

-Samsung Top Load Washer (WA7700A): Награда во категоријата Апарати за домаќинство, 

Samsung 512GB DDR5 RDIMM: Награда во категоријата Компјутерски хардвер и компоненти,

Samsung U.2 ZNS NVMe SSD PM1731a (2/4TB): Награда во категоријата Компјутерски хардвер и компоненти,

Samsung PCIe Gen5 NVMe SSD PM1743 (2/4/8/16TB): Награда во категоријата Компјутерски хардвер и компоненти,

Samsung ISOCELL HP1: Награда во категоријата Вградена технологија 

###

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформирачки идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, лиени и LED решенија. За најновите вести, посетете ја Samsung Newsroom на http://news.samsung.com