Ракавицата на Meta ќе ви овозможи да ги почувствувате нештата виртуелно

Објавено на 17.11.2021 во Новости



Ракавицата на Meta ќе ви овозможи да ги почувствувате нештата виртуелно

Визијата на Марк Цукерберг е во иднина да поминуваме повеќе време во виртуелен/мета свет, одошто во реалниот свет. Компанијата се спремаше за ова сценарио со години и има многу вложено во ваквата технологија. 

Ако сакате да погледнете како изгледа животот во таквиот мета свет, погледнете го видеото одозгора. Во иднина ќе седиме на софа со специјални очила и нештата ќе ги доживуваме во некаков дигитален свет, што звучи малку како на филмот Matrix. Марк Цукерберг ја претстави иновацијата оваа недела-специјална ракавица што ќе им овозможи на луѓето да ги почувствуваат предметите во виртуелниот свет.