Кина брои 450 милиони корисници на 5G мрежа

Објавено на 18.11.2021 во Новости



Кина брои 450 милиони корисници на 5G мрежа

Кина официјално објави дека 5G мрежата брои неверојатни 450 милиони корисници. Новиот 5G интернет има брзина до 100 пати поголема од 4G, што значи дека овозможува трансфер на огромни количини на податоци за рекордно брзо време.

Кина е една од првите земји што официјално ја лансираше 5G технологијата во 2019 година. Huawei е заслужен за технолошкиот напредок во областа на 5G, кој најмногу помогна со напредокот во инфраструктурата. Повеќето смартфони во Кина веќе се продаваат со 5G технологија, а корисниците веќе ја користат мрежата. Конкретно, околу 450 милиони луѓе од населението во Кина користеле 5G барем еднаш, што е повеќе од целата популација на Европската унија.