Google Chrome со неколку новитети за линкување и пребарување табови

Објавено на 21.11.2021 во Новости



Google Chrome со неколку новитети за линкување и пребарување табови

Google Chrome на својот прелистувач ги претстави новитетите, кои што се одлични алатки за полесно наоѓање содржини и полесно комуницирање со другите корисници.

На пример, она што најмногу ни се допадна е испраќањето на линк од некоја страница, со директно маркирана реченица што сакате да ја истакнете. Оваа опција се вика „Copy Link To Highlight“.

Tab Search опцијата се применува кога сакате да ги пронајдете побрзо потребните табови, доколку веќе имате отворено огромен број на табови.

Третата функција е од забавен карактер и служи за менување на позадината во боја со одредени cartoon карактери.