Honor 60 и Honor 60 Pro: Реални слики и детали за спецификациите

Објавено на 30.11.2021 во Новости



Honor 60 и Honor 60 Pro: Реални слики и детали за спецификациите

Уште само неколку дена останаа додека да биде откриена Honor 60 серијата, а веќе имаме неколку слики за кои што се тврди дека се реални. Honor 60 и Honor Pro 60 протекоа со слики од предната и задната страна. Тие можеби изгледаат слично, но дефинитивно не се иста големина како на сликата.

Една од сликите потврдува дека Honor 60 ќе биде со тројна камера и 108MP главен сензор. Другите два го демонстрираат предниот панел, кој открива дека Honor 60 ќе биде со двојно заоблен дисплеј, додека Honor 60 Pro ќе биде опремен со заоблен дисплеј од четирите страни.

Двата телефона се со дупка на екранот за предната селфи камера од 50 мегапиксели. Honor 60 Pro ќе има Qualcomm Snapdragon 778G+ процесор под хауба, што значи дека ќе биде со 5G конекција, Android 11 софтвер и 12GB RAM меморија. Екранот ќе биде со FHD+ резолуција и 120Hz, додека батеријата од 4,500mAh доаѓа со 66W технологија за брзо полнење.