Во Хрватска сега може да си купите леб и млеко со криптовалути

Објавено на 02.12.2021 во Новости



Во Хрватска сега може да си купите леб и млеко со криптовалути

Популарноста на криптото и инвеститорите се зголемуваат константно со текот на годините. Се повеќе компании почуваат да прифаќаат крипто за плаќање, кои во досегашниот живот не можеа да се користат често во секојдневието. Сега можете веќе да си купите, леб, млеко или свежо пиле.

Корисниците на Konzum, супер маркети што ги има насекаде низ Хрватска, отсега натаму дозволуваат купување со криптовалути преку својата интернет продавница, а наскоро ќе може да се купува и директно во малопродажните објекти на истата компанија: „За нас ова е голем и важен ден и на некој начин историска дата за Хрватска“, велат од Konzum.