Што очекува Маск од Tesla Bot, а што смета дека е голема закана за човештвото

Објавено на 08.12.2021 во Новости



Што очекува Маск од Tesla Bot, а што смета дека е голема закана за човештвото

Илон Маск на почетокот на оваа година го претстави хуманоидниот робот Tesla Bot, со кого планираат да го решат проблемот со недостаток на работна сила. Tesla Bot се базира на вештачка интелигенција и во одредени ситуации е планиран да ги надомести луѓето што ги нема доволно, со цел да ја задоволат побарувачката за вработени.

Во текот на AI Day на кого е претставен Tesla Bot, Маск најави дека во текот на 2022 година би требало да имаат активен прототип на робот, но прашање е дали ќе успее во тоа и кога можеме да го очекуваме финалниот производ што ќе биде достапен на пазарот. За развојот на Tesla Bot ќе се употребува истата технологија што се применува кај возилата. За роботот ќе требаат само специјални сензори и актуатори. 

„Основата на економијата е работата. Мислам дека еден од најголемите ризици за цивилизацијата е ниската стапка на наталитет што брзо опаѓа“, вели Илон Маск, кој предупредува дека нашата цивилизација ќе се распадне без доволно луѓе.

Затоа тој смета дека нашата цивилизација треба да ја бара својата иднина во вселената и на Марс, а не само на Земјата, за кои се надева дека еден ден ќе можеме да ги колонизираме.