Apple за прв пат после повеќе од 10 години го стопира производството на iPhone

Објавено на 09.12.2021 во Новости



Apple за прв пат после повеќе од 10 години го стопира производството на iPhone

За прв пат во историјата се стопира производството на iPhone на само неколку дена. Азиските медиуми тоа го нарекуваат „ноќен кошмар непосредно пред Божиќ“. Причината за тоа е веќе позната, недостатокот на чипови. Apple беше една од ретките компании што го избегна проблемот со недостаток на чипови, но во меѓувреме ситуацијата се промени и за нив.

На удар на недостатокот на чипови не само само телефоните на Apple, туку и таблетите, Mac и друго. Новиот извештај на Nikkei вели дека производството во септември и октомври било за 20% помало од планираното, а Apple ги намалил очекувањата за iPhone, од околу 95 милиони на нешто помеѓу 83 и 85 милиони. Намалено е производството и кај старите модели и тоа за 25% во текот на последните неколку месеци.





Прочитајте повеќе: