Технолошки уред проверува квалитет на машкото семе

Објавено на 24.03.2017 во Новости



Технолошки уред проверува квалитет на машкото семе

Научниците креираа додаток за смартфон, кој со 98% сигурност може да го открие бројот на дефектната сперма во семето на мажите за само неколку секунди. Оптичкиот додаток само се прицврстува на задната страна од телефонот околу камерата. Потоа преку специјална апликација се скенира спермата преку камерата, со што дава прецизни резултати, прилагодени кон стандардите на Светската здравствена организација (WHO).

„Сакавме да направиме тестирањето на плодноста на мажите да боде подеднакво достапно како што се и тестовите за бременост“, изјавил Хади Шафиje од Универзитетот Харвард.

Додатокот има цена од само 4.45 долари, кој е направен од старо DVD и CD. Несовршеноста на овој уред е што не може да ги анализира сите аспекти што влијаат врз здравјето на семето.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}