Иднината на деловните состаноци е во метавселената

Објавено на 12.12.2021 во Новости



Иднината на деловните состаноци е во метавселената

Во споредба со почетокот на минатата година, начинот на кој луѓето работат, радикално се промени и со пандемијата е направен чекор кон она што за многумина изгледаше како невозможно - работа од далечина. Работата од дома стана реалност, а во иднина се ќе биде дигитализирано.

Metaverse би можел да има големо влијание врз начинот на одржување на деловни состаноци. Гејтс така предвидува дека од 2 до 3 години ќе се промени начинот на дигиталните состаноци, во иднина нема само да гледаме во камерата и во екранот.

Благодарение на Metaverse, класичниот облик на онлајн состаноци ќе исчезне, а сите деловни состаноци ќе се одвиваат во виртуелна просторија и секој ќе има свој 3D аватар. Наместо сите да седат пред компјутер, сите учесници ќе бидат во виртуелен свет и ќе учествуваат во него со својот аватар. 

Автор: Aleksandar Stankov