Рендер со новиот 5G Honor Magic Fold

Објавено на 13.12.2021 во Новости



Рендер со новиот 5G Honor Magic Fold

Преклопниот смартфон Honor Magic Fold се очекува да биде претставен во првото тримесечје на 2022 година. Во меѓувреме можеме да погледнеме еден рендер од уредот, кој овој пат е постиран на Twitter од типстерот Teme (aka @RODENT950). Сличен како последните два модели на Galaxy Z Fold, надворешниот дисплеј е од левата страна на телефонот, а кога ќе го отворите има голем дисплеј како на таблет.

Екранот ќе биде со големина од 8 инчи, со резолуција од 2200 x 2480 пиксели. 8-јадрениот процесор наводно ќе биде со Cortex-A77 јадра со 3.13GHz, три Cortex A-77 јадра со 2.54GHz, и четири Cortex-A55 јадра со 2.05GHz. Чипсетот ќе биде комбинација од 8GB RAM меморија и 256GB внатрешна меморија. Рендерите демонстрираат задна камера од 108MP кај главниот сензор, со уште два сензора по 12MP и селфи камера од 16MP. Батеријата ќе биде 4500mAh и оперативен систем Android 12.