Нема веќе пораки без емотикони: Кое е најкористено смајли за 2021

Објавено на 13.12.2021 во Новости



Нема веќе пораки без емотикони: Кое е најкористено смајли за 2021

Во денешно време не можеме да замислиме порака без емотикон, а тоа е нешто што се случува многу одамна. Кое е најкористено смајли во 2021 година?

Според истражувањата, емотиконот што се смее со две солзи и широка насмевка, е најкористени емотикон за 2021 година. Според Уникод конзорциумот, 9 од 10 се повторуваат од 2019 година, која беше последната година со објавената листа. Црвеното срце е на второ место, емотиконот што се смее со солзи и се тркала е на трето место, палецот нагоре е на четврто место и емотиконот што силно плаче со солзи е на петото место.