Кина го обвинува САД за судирот што го избегнала со сателит од САД

Објавено на 30.12.2021 во Новости



Кина го обвинува САД за судирот што го избегнала со сателит од САД

Пекинг се жали дека екипажот морал да го вклучи специјалниот систем за избегнување на судир и тоа по втор пат оваа година. 

„Иако Соединетите Држави постојано прогласуваат таканаречени одговорни активности во вселената, ги занемаруваат обврските од меѓународните договори за вселената и сериозно ги загрозиле животите и безбедноста на астронаутите. Тоа е типично двојно мерило“, изјавил Жао Лијан.

Кина ги обвинува сателитите од системот на Starlink, проект на најбогатиот човек на светот, Илон Маск. Неговата вселенска компанија SpaceX веќе испратила над 2.000 сателити во вселената и планира да лансира уште 10 илјади. Во Земјината орбита моментално има 30 илјади сателити и останати поголеми вселенски предмети. 

Автор: Aleksandar Stankov