Samsung Galaxy S22 Ultra изгледа неверојатно на новите рендери

Објавено на 31.12.2021 во Новости



Samsung Galaxy S22 Ultra изгледа неверојатно на новите рендери

Веќе имаме видено неколку рендери со Samsung Galaxy S22 Ultra, во слики и во видеа од сите страни и ги знаеме и речиси сите спецификации, затоа што се приближува датата кога излегува најновиот и најмоќниот предводник на Samsung. Се очекуваше да го има Ultra моделот во црна, бела, темно црвена и зелена варијанта, но протече информација дека би можел да се продава и во бронзено-розева варијанта.

Иван Блес го објавил најновиот рендер токму во бронзено-розева верзија, со иста боја на S Pen, што значи дека телефонот се издигнува на следното ниво. S22 Ultra сега ќе има сензори за камера посебно, без посебна испакнатина во форма на остров за повеќето камери.