Меланија Трамп издаде сопствен NFT за хуманитарни цели

Објавено на 31.12.2021 во Новости



Меланија Трамп издаде сопствен NFT за хуманитарни цели

Меланија Трамп почна да плови во технолошките води после напуштањето на Белата куќа. Така издаде сопствен NFT, т.е. незаменлив токен под името "Melania's vision". Се работи за дигитална верзија на сликата што ги прикажува очите на Меланија, насликани од францускиот уметник Марк-Антоан Кулон, кој е фамилијарен пријател на Трампови.

Со дигиталната верзија на сликата, купувачите на ова NFT добиваат и кратка аудио порака од поранешната прва дама. Како што се објавува на официјалната страница на Меланија Трамп, овие NFT ќе се издаваат во редовни интервали, а приходите од нивната продажба делумно одат во хуманитарни цели. Во овој случај иницијативата Be Best во САД се однесува за децата сместени во згрижувачки семејства за развој на компјутерски вештини.

Заинтересираните купувачи ќе може да го купат "Melania's Vision" за 1 SOL (Криптовалутата Solana), за отприлика 190 долари, колку што е неговата моментална вредност на пазарот. 

Автор: Aleksandar Stankov