Најбогатите луѓе доаѓаат од ИТ секторот, во 2021 заработил дополнителни 402 милијарди долари

Објавено на 03.01.2022 во Новости



Најбогатите луѓе доаѓаат од ИТ секторот, во 2021 заработил дополнителни 402 милијарди долари

Десет од најбогатите луѓе на светот, стекнале уште 402 милијарди долари во 2021 година, гласат податоците од Bloomberg. Најмногу заработил Илон Маск, кој ја почнал годината со 156, а завршил со 277 милијарди долари на сметката, покажува индексот за милијардери на Bloomberg.Основачот на Tesla и SpaceX неодамна објави дека ќе плати над 11 милијарди долари данок.

Заработката на Маск во 2021 година е помала од 140 милијарди, колку што стекнал една година порано, но доволно е за да стане далеку најбогатата личност на светот. Зад него е Џеф Безос, сопственикот на Amazon, кој во 2022 година влегол со 190 милијарди долари. Тоа се само 4.5 милијарди повеќе од 2020. Потоа следуваат Марк Цукерберг, па Бил Гејтс, Мелинда Гејтс, Лери Пејџ, Сергеј Брин, Французинот Бернард Арно, итн.