Ви доцнат ли мејловите или воопшто не поминуваат? Проблемот е во Microsoft Exchange серверот

Објавено на 04.01.2022 во Новости



Ви доцнат ли мејловите или воопшто не поминуваат? Проблемот е во Microsoft Exchange серверот

Корисниците на Microsoft Exchange серверот имаа проблеми на 1 јануари, 2022 година, кога нивните мејлови престанаа да работат. Проблемот е што Microsoft ги именува своите ажурирања за алатките што скенираат мејлови во борбата против малвер.

Така името се состои од годината, месецот и денот од четири цифрениот број. Проблемот е што името имало ограничување од 31 бит, што значи дека најголемиот број што можеле да го користат е "2,147,483,648" односно 2 на 31 потенција. Кога календарот покажал 1.01.2022. односно "2,201,010,001", системот го препознал тоа како неприфатена вредност и престанал да скенира мејл пораки за малвер, односно ги ставил на чекање.