Шефот на VW го најави враќањето на легендарниот Microbus во март

Објавено на 10.01.2022 во Новости



Шефот на VW го најави враќањето на легендарниот Microbus во март

Првиот човек на Volkswagen, Херберт Дис, преку Twitter го најави следниот чекор на својата компанија. Напиша дека легендата се враќа на 9 март оваа година и објави кратко видео на Twitter на кое што можеме да ја погледнеме скицата на моделот ID. Buzz. 

Станува збор за електричната верзија на легендарниот Volkswagen Microbus. Концептната верзија на Microbus е претставена уште пред пет години на автомобилскиот саем во Детроит. Испораката на ID. Buzz се очекува кон крајот на 2022 година.