Samsung Galaxy S22 Ultra ќе покаже поголема брзина со S Pen!?

Објавено на 10.01.2022 во Новости



Samsung Galaxy S22 Ultra ќе покаже поголема брзина со S Pen!?

Samsung Galaxy S22 Ultra ќе понуди неверојатно искуство со пишувањето, така што ќе биде колку што е можно природно, открива YouTube-рот Zaryab Khan. Уредот ќе биде наследник на Note 20 серијата, иако ќе се именува како еден од S-класата, затоа што се очекува да пристигне со S Pen стилус.

Samsung наводно креирал ново дигитално пенкало за S22 Ultra, познат по кодното име EJ-PS908. Стилусот ќе биде значително подобрување после S Pen на Galaxy Note 20 Ultra, кој има 9 милисекунди латентност - одложувањето помеѓу пишувањето на екранот и инпутот што се појавува на екранот. Samsung наводно ќе ја претстави Galaxy S22 серијата на 9 февруари.