„Текно“ ги претстави новите макро-леќи за смартфони

Објавено на 12.01.2022 во Новости



„Текно“ ги претстави новите макро-леќи за смартфони

Кинеската компанија „Текно“ (Tecno) ги претстави своите телескопски макро-леќи за мобилни телефони. Новата технологија ветува значително подобрување на макро-фотографиите, а овие „телефото“ објективи се извлекуваат од куќиштето на смартфонот и овозможуваат фотографирање одблизу, без потреба телефонот премногу да се доближи до предметот. 

Новите макро леќи имаат 5х оптички зум, за кои експертите тврдат дека е новитет во сегментот на макро-камерите.