Таткото на PlayStation го критикува Metaverse: Не можам да ја сфатам поентата

Објавено на 21.01.2022 во Новости



Таткото на PlayStation го критикува Metaverse: Не можам да ја сфатам поентата

Кен Кутараги е поранешниот директор на Sony, познат како „таткоto на PlayStation“ и се запрашал дали луѓето навистина сакаат да живеат како аватари или радо би го правеле она што го прават во реалниот свет. Кен истакнува дека Metaverse се базира на квазиреалност во виртуелниот свет.

„Не можам да ја сфатам поентата од сето тоа. Метавселената треба да биде виртуелно место во кое што луѓето ќе се дружат, а кацигите и очилата што треба да се носат за да се живее во таквите вселени, само дополнително ќе ги изолира луѓето од реалниот свет“, вели Кутараги.

Прашањата што тој ги поставува се логични и реални, но неговиот коментар сепак не привлече големо внимание, затоа што целата технолошка индустрија е фокусирана кон развој на виртуелни светови и искуства.