TikTok тестира воведување на претплата, Twitter веќе има таков модел

Објавено на 22.01.2022 во Новости



TikTok тестира воведување на претплата, Twitter веќе има таков модел

TikTok ја разгледува опцијата за претплата на поединечни содржини. Опцијата би била наменета за креаторите на содржини, кои може да наплатуваат пристап кон одредена содржина. Се уште не е јасно како би функционирал новиот систем на претплата, затоа што се уште е во фаза на развој.

Се претпоставува дека дел од содржините и понатаму ќе бидат бесплатни, додека некои ексклузивни делови би биле достапни, само доколку се плати и со тоа се добие ексклузивен пристап. Инаку, Twitter веќе воведе претплата за профилите што сакате да ги следите и така добивате пристап кон специјална содржина. Цената за тоа е од 2,99 до 9,99 долари месечно. 
 

Автор: Aleksandar Stankov