Sony оди во шопинг на гејмерскиот пазар по примерот на Microsoft

Објавено на 28.01.2022 во Игри



Sony оди во шопинг на гејмерскиот пазар по примерот на Microsoft

Microsoft ја направи најголемата аквизиција на пазарот на видео игри досега и платил речиси 70 милијарди долари за Activision Blizzard, и се поставило прашањето што би можело тоа да значи за Sony. Дали постоечките популарни игри на Activision во иднина ќе бидат достапни на PlayStation, дали идните наслови се резервирани само за Xbox или можеби ништо нема да се промени, тоа допрва ќе го откриеме, а дел од аналитичарите веруваат дека шефовите на Sony нема да останат пасивни на овие значајни промени на пазарот.

Според експертите Sony сака да изврши аквизиција на Electronic Arts, со што во своето портфолио ќе внесе бројни наслови исклучително популарни меѓу гејмерите, за што треба да се издвојат многу пари. Моменталната вредност на компанијата изнесува 37 милијарди долари, а цената на потенцијалното преземање сигурно би била многу поголема.