SpaceX го одложи новото лансирање на ракета во вселената

Објавено на 01.02.2022 во Новости



SpaceX го одложи новото лансирање на ракета во вселената

Илон Маск најави дека SpaceX оваа година ќе го собори рекордот по бројот на лансирања на ракети и ако се се одвива според планот, во текот на годината секоја недела ќе лансираат по една ракета. Бројни предизвици има пред таквиот план, а искуството не научи дека најавите на Маск не се реализираат секогаш како што тој ќе каже.

SpaceX беше на добар пат да лансира уште еден Falcon 9 од Cape Canaveral, кој требаше да ги однесе радарите во италијанската вселенска агенција во орбитата. Во четврток, петок и сабота лансирањето беше одложено поради лошото време, но за неделата беше се спремно. Сепак и тогаш времето не беше погодно, па така по четврти пат беше одложено лансирањето на Falcon 9 во орбитата.