Концертите се планираат веќе во Metaverse, нема потреба од сала

Објавено на 01.02.2022 во Новости



Концертите се планираат веќе во Metaverse, нема потреба од сала

Сите се прашуваат дали metaverse ќе го замени вистинскиот живот? Парите што се вложуваат во виртуелниот свет константно расте. Warner Music Group (WMG) исто така ја препозна својата прилика во metaverse, кој во виртуелниот простор на Sandbox ќе креира посебен дигитален свет со тематски паркови за посетителите и со простор за концерти во живо.

Партнерството со Sandbox е првиот голем чекор на WMG во светот на NFT и не треба да се зачудиме доколку и другите големи музички и филмски медиумски компании тргнат кон таа насока и почнуваат да вложуваат во виртуелни настани.