YouTube за Android добива нов изглед во fullscreen режимот

Објавено на 02.02.2022 во Новости



YouTube за Android добива нов изглед во fullscreen режимот

YouTube апликацијата за Android добива нов изглед од денес, кога ќе ги пуштите видеата во fullscreen. Ако го вклучите вашиот смартфон во landscape режим, додека гледате YouTube видео и притиснете на пауза, ќе забележите нешто ново. 

На дното од левата страна на дисплејот има тенки линии со нови иконки што ви овозможуваат да лајкувате видео или да му направите dislike, да коментирате под видеото, да го додадете на плејлиста или да го споделите со некој друг.