Новата Samsung Galaxy S22 серија изработена од стари рибарски мрежи и морска пластика

Објавено на 09.02.2022 во Новости



Новата Samsung Galaxy S22 серија изработена од стари рибарски мрежи и морска пластика

Се уште немаме официјална информација од Samsung, но се зборува дека новите телефони се направени од рибарски мрежи и морска пластика, со што компанијата сака да покаже дека може телефоните да се произведуваат од материјали што може да се рециклираат.

Samsung Galaxy S22, Galaxy S22+ и Galaxy S22 Ultra, пристигнуваат со Qualcomm Snapdragon или Samsung Exynos процесор, во зависност во кој регион ќе се продаваат. Новата Galaxy S22 серија официјално ќе биде откриена денес, на 9 февруари, во 16:00 часот, останете со Телефони.мк за најновите детали.