Meta објави дека Facebook и Instagram сепак нема да ја напуштат Европа
Објавено на 11.02.2022 во Новости
Пред неколку дена на интернет беа објавени информации дека од Meta се заканија дека поради несигурноста околу трансферот на лични податоци меѓу ЕУ и САД, може да згаснат Facebook и Instagram во областа на Европската Унија.
Со оглед на тоа што Meta има енормна заработка од европските корисници, сигурно Марк Цукерберг не е до толку избезумен да го напушти стариот континент. Meta сепак објави дека нема да ги згасне своите сервиси во Европа: „Немаме никаква желба да се повлечеме од Европа“.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.