До 2026, 25% од луѓето ќе минуваат по 1 час во Metaverse

Објавено на 15.02.2022 во Новости



До 2026, 25% од луѓето ќе минуваат по 1 час во Metaverse

Како што сега луѓето минуваат долги часови во дигитален и виртуелен свет: игри, интернет, социјални мрежи, така во иднина ќе го минуваат своето време во metaverse. Марк Цукерберг го отвори овој „паралелен“ дигитален свет, каде што луѓето ќе работат, ќе играат, ќе купуваат, ќе се едуцираат, итн.

До 2026 година, 25% од луѓето ќе минуваат најмалку еден час дневно во metaverse, а во Gartner веруваат дека во metaverse нема да владее само една компанија како што е Meta, туку различни компании. Metaverse ќе има сопствена виртуелна економија, базирана на дигиталните валути и NFT, а само минатата година пазарот на NFT вредел околу 27 милијарди долари.