Британската царинска управа заплени NFT за прв пат досега

Објавено на 16.02.2022 во Новости



Британската царинска управа заплени NFT за прв пат досега

Британската кралска управа за приходи и царина заплени три NFT токени, во вредност од 1,4 милиони фунти, поради основано сомнение за измама. Причината е тоа што осомничените сакале да вратат повеќе ДДВ одошто навистина побаруваат. 

„Нашата прва заплена на незаменливи токени служи како предупредување за секој што мисли дека може да користи дигитални средства за да ги скрие парите од HMRC“, изјавил Ник Шарл, заменик-директорот за економски криминал во HMRC.

На пазарот на NFT постојат многу измами и трговски активности, со цел да се сокријат пари, односно да се перат пари.