Инстаграм го менува начинот на кој се прикажуваат реакциите на стори

Објавено на 16.02.2022 во Новости



Инстаграм го менува начинот на кој се прикажуваат реакциите на стори

„Сега ќе може да ја лајкувате нечие стори, а притоа не мора да праќате приватна порака. Лајковите на сторињата ќе останат приватни и нема да се бројат“, објасни Адам Мосери, претставник на Инстаграм. Инаку, реакциите на сторињата досега ги гледавме само во пораките, но тоа ќе се промени. Видеото може да го погледнете на Twitter на овој линк.

Инстаграм фактички го менува начинот на кој што ќе се реагира на нечие стори, па така реакциите нема да се појавуваат во пораки.Целта е да може корисниците меѓусебно да реагираат на туѓи објави или да покажат поддршка, како и да се прочисти инбоксот со пораки, со што ќе останат само најважните.