Цукерберг ги извести вработените на Meta како ќе ги нарекува

Објавено на 16.02.2022 во Новости



Цукерберг ги извести вработените на Meta како ќе ги нарекува

Шефот на Meta, Марк Цукерберг, им соопштил на вработените дека отсега ќе ги нарекува - ​​'Metamates'. Ова се случува после моментот што компанијата од Facebook се ребрендираше во Meta.

Цукерберг наводно најави промена во виртуелниот состанок со вработените одржан во вторник, а потоа се огласи и на Facebook, каде што го спомна тој израз. “Meta, Metamates, Me значи да се биде со добри управители на нашата компанија и мисија. Станува збор за чувството на одговорност што го имаме за наш заеднички успех и едни кон други, како дел од тимот. Се работи за грижа за нашата компанија и едни кон други“, напишал Цукерберг. Инаку, вработените на Facebook, претходно се нарекувале Facebook-ери.