Безбедносните експерти предупредуваат на опасноста што ја сокриваат QR кодовите

Објавено на 17.02.2022 во Новости



Безбедносните експерти предупредуваат на опасноста што ја сокриваат QR кодовите

Super Bowl е многу повеќе од еден обичен финален натпревар на најпопуларниот спорт во САД. На овој настан музичките настапи на полувремето се легендарни, а за рекламите се зборува долго време. Рекламата на Coinbase за Super Bowl годинава ќе се зборува најмногу, затоа што била рудиментарна и едноставна, со QR код. 

Coinbase објавил дека имале дури 20 милиони кликови во една минута, со што апликацијата се урнала и не функционирала. Експертите тврдат дека QR кодовите може да бидат голема потенцијална опасност, не поради рекламата, туку затоа што кибернетските криминалци може да ги злоупотребат, затоа што луѓето масовно ќе почнат да ги скенираат. Ќе изгледаат како да доаѓаат од сигурни извори, но кликањето може да ги одвете и на лажни страници, со што може да им се вметне малвер.