Трамп се враќа на сцената: Ќе му се врати ли популарноста со MAGA Hub

Објавено на 21.02.2022 во Новости



Трамп се враќа на сцената: Ќе му се врати ли популарноста со MAGA Hub

Truth Social е социјалната мрежа на Доналд Трамп, која од понеделник е достапна на интернет продавницата на Apple. Тоа е нов медиумски канал на поранешниот републикански претседател, на кого минатата година му беше забранет пристапот кон други интернет платформи.

Апликацијата станала достапна за преземање за сите Apple уреди и Android корисници. Интерфејсот на апликацијата се појавува на мобилните уреди под името MAGA Hub, што е копија на Instagram, па така може да се споделуваат Stories и класични објави. Компанијата веќе планира да излезе и на њујоршката берза, а веќе собрала над милијарда долари од приватни инвеститори.