3G мрежата конечно престанува да постои во САД

Објавено на 23.02.2022 во Новости



3G мрежата конечно престанува да постои во САД

3G мрежата е стара 20 години, која официјално престанува да постои од вчера, 22 февруари, во САД. AT&T предвремено соопшти за сите корисници кои што се уште беа на 3G мрежата, по што и официјално објави дека 3G мрежата згаснува. После овој оператор, продолжија и другите мобилни оператори во САД.

3G мрежата за прв пат беше вклучена во Јапонија, а потоа и на останатите места во светот со брзина за преземање на податоци од 7,2 Mbps. iPhone 3G беше претставен во 2008 година, при што до 2009 година, беше златниот период на 3G мрежата.