Sony го претстави дизајнот на новиот PSVR2 за неверојатно гејминг искуство

Објавено на 25.02.2022 во Игри



Sony го претстави дизајнот на новиот PSVR2 за неверојатно гејминг искуство

Sony го претстави дизајнот на новиот PlayStation VR2 со сферична форма и се вклопува со линијата на PlayStation 5 конзолата. Во PlayStation VR2 спаѓа нов шлем, нови VR контролери и подобрен VR екосистем од Sony.

Новиот VR екосистем на Sony се одликува со подобра прецизност, поквалитетни екрани, подобри повратни информации од корисниците и нови опции за следење на очите. Со PSVR2 ќе има 4K HDR OLED екран, со резолуција од 2000 x 2040 пиксели и 90Hz или 120Hz.

PSVR2 уредот ќе биде со видно поле од 110 степени, одредено подобрување во споредба со PSVR, кој располага со видно поле од 96 степени. Уредот има USB Type-C влез за поврзување со конзолата, а се уште не е позната датата на неговото лансирање, но се претпоставува дека тоа ќе се случи во 2023 година.

Автор: Aleksandar Stankov