Уништува Lamborghini со експлозија за да продава видеа како NFT

Објавено на 25.02.2022 во Новости



Уништува Lamborghini со експлозија за да продава видеа како NFT

Некои од коментарите на луѓето за NFT и неверојатните пари што се вртат при купувањето на дигитални содржини како што се виртуелни уметнички дела, е тотална лудост. Истите дигитални уметнички дела може бесплатно да ги преземете од интернет, но може да ги купите и за милион долари.

Оние што сега вложуваат во дигитален имот, својата инвестиција во иднина би можеле да ја вратат повеќекратно. Уметникот Shl0ms  со експлозија уништува Lamborghini Huracan со цел истите делови од видео записот со деструкцијата да ги продаде како NFT. Цената на новиот модел на ова возило изнесува околу 200 илјади долари.