Кинескиот ровер откри стаклени топки на Месечината

Објавено на 26.02.2022 во Новости



Кинескиот ровер откри стаклени топки на Месечината

Кинескиот ровер Јуту-2 открил мистериозни стаклени топки на Месечината, официјално соопшти Кина. Стручните лица тврдат дека предметите изгледаат како проѕирни стаклени топки, со дијаметар од 1см. 

Фотографиите се направени со камерите на роверот ЈуТу-2, иако и претходно на Месечината било откриено стакло неколку пати. Тоа би можело да биде остаток од удари на метеори или претходна вулканска активност на Месечината. Стаклото е сепак необично, затоа што топките се поголеми од примероците што биле откривани претходно.