Илон Маск го активирал Starlink над Украина

Објавено на 27.02.2022 во Новости



Илон Маск го активирал Starlink над Украина

Услугата на Starlink е сега во функција, а другите терминали се на пат, објавил сопственикот на Tesla и SpaceX на Twitter. Заменикот на украинскиот премиер, Михајло Федоров, претходно го повикал милијардерот на социјалните мрежи да ги испрати станиците на Starlink во Украина.

„Додека вие се обидувате да го колонизирате Марс, Русија се обидува да ја освои Украина. Додека вашите ракети успешно слетуваат до вселената, руските ракети ги напаѓаат украинските цивили. Ве повикуваме да ги испратите Starlink станиците во Украина“, напишал украинскиот службеник од дигиталниот сектор.

Воедно го повикал Илон Маск да ги поттикне „Русите со здрав дух“ да се спротивстават на својата влада. SpaceX во петокот лансирал втора пратка со педесет Starlink сателити, кои што треба да обезбедат интернет врска со клиентите од цел свет. 

Автор: Aleksandar Stankov