Oppo најави нова технологија за полнење на батерија од 0-100% за 9 минути

Објавено на 03.03.2022 во Новости



Oppo најави нова технологија за полнење на батерија од 0-100% за 9 минути

Технологијата за полнење на батерија напредува со голема брзина, па така ако чекавме до неодамна да се наполни телефонот за час и половина до 100%, сега батеријата на телефонот целосно се полни за помалку од 10 минути. Таква технологија претстави Oppo на овогодинешниот Mobile World Congress.

Станува збор за 240W технологија за полнење на батерија наречена 240W SuperVOOC Flash Charge, која што овозможува брутални резултати. Според информациите на компанијата, батеријата со капацитет од 4500mAh ќе може да се наполни до 50% за само 3,5 минути, а целосно за само 9 минути. 

Автор: Aleksandar Stankov