Facebook ја гаси својата социјална мрежа

Објавено на 04.03.2022 во Новости



Facebook ја гаси својата социјална мрежа

Facebook настана како студентски проект и се претвори во најголемата социјална мрежа во светот. Facebook затоа сакаше да се врати кон своите корени и да креира социјална мрежа само за студенти посебно, но не им одеше од рака.

Facebook објави затоа дека ја згаснува својата социјална мрежа наменета за студенти, Campus, која е лансирана есента во 2020 година. Се работи за социјална мрежа во склоп на Facebook, која била отворена само за оние што имаат e-mail адреса на факултет.