Фатен е крадец на фестивал со 130 iPhone-и во ранецот

Објавено на 20.04.2017 во Новости



Фатен е крадец на фестивал со 130 iPhone-и во ранецот

Замислете, 130 посетители на музичкиот фестивал Coachella биле ограбени, односно им бил украден нивниот iPhone. Корисниците ги откриле локациите на своите телефони благодарение на тоа што ја активирале опцијата "Find my iPhone". Откако ограбените пријавиле во полицијата, таа мислела дека станува збор за повеќе крадци, но со опцијата за лоцирање на телефонот сфатиле дека сите Apple телефони се на едно место, односно украдени се од ист човек.

„Тоа е тој! Тука е мојот телефон! Мојата точка се мрда со таа личност!“, велеле корисниците. Обезбедувачите на фестивалот го фатиле крадецот Реиналд Де Хесус Хенаоа и го задржале додека да дојде полицијата. Сите биле шокирани кога полицијата извадила дури 130 украдени смартфони од ранецот на 36-годишниот човек. Тој бил уапсен и пуштен откако платил 10.000 долари кауција.

Експертите секогаш ги предупредуваат корисниците на смартфони за да ја активираат опцијата што овозможува наоѓање на изгубениот или украдениот телефон. Доволно е само да се пријавите на веб страницата iCloud за уреди на Apple и да ги внесете своите кориснички податоци. Ако телефонот е вклучен на мапата ќе се појави точка на која се покажува локацијата на телефонот или таблетот. Претходно пишувавме како да го лоцирате својот Android телефон. 



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}