Apple ги претстави iPhone SE 3 и iPad Air 5 со екстра перформанси

Објавено на 09.03.2022 во Новости



Apple ги претстави iPhone SE 3 и iPad Air 5 со екстра перформанси

Apple го претстави новиот iPhone SE 3, кој чини 429 долари и нема да биде толку евтин како што медиумите претпоставуваа, кој овозможува врвен хардвер и 5G поддршка, скриени во застарениот дизајн. Екранот изнесува 4,7-инчи, имате Home копче и поддршка за Touch ID.

A15 Bionic процесорот е вграден во iPhone 13, има задна камера од 12MP, подобра батерија од претходникот и IP67 сертификат за водоотпорност. Тим Кук тврди дека е идеален телефон за оние што сакаат помал iPhone со голема вредност и убеден е дека ќе биде популарен кај новите корисници. iPad Air 5 е со M1 процесор, кој е вграден и во последната генерација на iPad Pro и има подобри перформанси во споредба со претходникот.

Apple тврди дека новиот Air е за 60% побрз во споредба на чипсетот A14 од минатата генерација и има двојно подобри графички перформанси. Дијагоналата на екранот изнесува 10,9 инчи, а од горната страна се наоѓа ултрашироката 12MP камера со опција Center Stage прилагодена за видео разговори. Мобилната верзија поддржува 5G, а новиот iPad Air е достапен во верзии со 64 и 256GB со почетна цена од 599 долари.





Прочитајте повеќе: