Xiaomi 12 Ultra објавен со слики и Sony сензори на камерата

Објавено на 10.03.2022 во Новости



Xiaomi 12 Ultra објавен со слики и Sony сензори на камерата

Протекоа спецификациите и сликите со Xiaomi 12 Ultra, новиот предводник на кинескиот бренд, кој сега ќе има Sony сензор на главната камера. Дизајнот на камерата ќе биде кружен, додека сензорот за камерата ќе биде Sony IMX8xx моделот. 

Xiaomi 12 Ultra пристигнува во бела и црна боја, додека ќе има тројна камера од 50MP + 48MP + 5x telephoto леќи и 48MP ултрашриока камера. Се уште останува непознато кога излегува новиот предводник на Xiaomi, кој доаѓа со 120W брзо полнење и батерија со капацитет од 4,900mAh. Компанијата претходно објави некои од моделите на Xiaomi 12 серијата: 12, 12 Pro, и 12X, а во исчекување сме со Xiaomi 12 Ultra и 12 Lite, а можно е да се појават 12T и 12T Pro.

Новите модели се очекуваат во јули, август или септември. Очекуваната цена на 12 Ultra изнесува 1,600 долари.

Автор: Aleksandar Stankov