Претставена е новата FLEX генерација на ровер за Месечината

Објавено на 11.03.2022 во Новости



Претставена е новата FLEX генерација на ровер за Месечината

Компанијата основана од ветеран за роботика за вселенски летови, објави фотографија со FLEX возило за флексибилна логистика и истражување, кое се вози на нерамнини во калифорниската пустина во близина на Националниот парк Долина на смртта, во текот на петодневното теренско тетирање во декември.

Челниците на Astrolab велат дека FLEX роверот на четири тркала е дизајниран за користење во Artemis програмата на NASA, чија цел е враќање на луѓето на Месечината во 2025 година и воспоставување на долгорочна лунарна колонија како претходниците за испраќање на астронаути на Марс. Роверот тежи околу 500 килограми. Со наполнети батерии на соларен погон, возилото може да вози два астронаута осум часа и има доволно енергетски капацитет да преживее екстремно студено во ноќите на Месечината.





Прочитајте повеќе: