YouTube ја исклучува Vanced апликацијата

Објавено на 14.03.2022 во Новости



YouTube ја исклучува Vanced апликацијата

YouTube Vanced е апликација што на корисниците им овозможува повеќе од YouTube, но официјално ќе биде исклучена на неколку дена. Google соопшти на сите корисници дека го откажува Vanced проектот, што значи и дека програмерите престануваат со развој на апликацијата.

„Укинат е Vanced. Линковите за преземање ќе бидат отстранети во наредните денови. Знаеме дека ова не е нешто што сакате да го слушнете, но тоа е нешто што треба да го направиме. Ви благодариме на сите што не поддржувавте низ годините“, соопштуваат од Vanced на Twitter.