Колекција фотографии од Аполо мисијата продадени за 157.000 евра

Објавено на 15.03.2022 во Новости



Колекција фотографии од Аполо мисијата продадени за 157.000 евра

Неколку оригинални фотографии од НАСА од мисиите на Аполо се продадени на аукција за неверојатни 157.000 евра, во Копенхаген.

Во колекцијата се опфатени 74 фотографии во приватна сопственост од мисиите Аполо 8-17, каде што е вклучена и познатата прошетка на Баз Олдрин на Месечината, за време на првото слетување на Месечината во јули 1969 година, која беше продадена за 7.000 евра.

Во колекцијата е и фотографијата на Баз Олдрин со астронаутско одело и Нил Армстронг, кој што се гледа во одразот на визирот на Олдрин, а порано беше објавена на насловната страница на списанијата National Geographic и Life во 1969 година.





Прочитајте повеќе: