Поранешниот директор на Nintendo: Meta сама по себе не е иновативна компанија и нема да успее

Објавено на 15.03.2022 во Новости



Поранешниот директор на Nintendo: Meta сама по себе не е иновативна компанија и нема да успее

Реџи Филс-Ејм, поранешниот извршен директор на Nintendo of America, изјави за Bloomberg дека Meta е брз следбеник на туѓи идеи и веројатноста дека иднината на таа иновативна компанија ќе биде метавселената, е многу мала.

Зборот „метавселена“ се однесува на верзија на интернет, во која што се пристапува преку импресивни технологии, како што се носечките уреди за виртуелна и проширена реалност. Тоа е новиот фокус на Марк Цукерберг, кој што го ребрендирал Facebook во Meta, во октомври 2021 година, со цел да даде дознаење дека новиот фокус на компанијата е токму на метавселената. 

„Meta сама по себе не е иновативна компанија. Или купиле интересни нешта како што се Oculus и Instagram, или биле брзи следбеници на туѓи идеи“, вели Филс-Ејм за Bloomberg.

Автор: Aleksandar Stankov